Хамилтон предизвика паника, на возачот на Мерцедес му се слоши по трката


Возачот на Мерцедес, кој е третопласиран на денешната трка во Унгарија, Луис Хамилтон, загрижи многумина, бидејќи беше многу задишан и изгледаше уморно по трката, па беше испратен да се прегледа.

Нему на подиумот му помогна Естебан Окон, а „Мерцедес“ објави дека Хамилтон отишол да направи прегледи.

„Луис Хамилтон во моментов е на лекарски прегледи, се чувствува уморно и има блага вртоглавица“, објави „Мерцедес“.

По прегледот, Хамилтон рече дека имал повремени здравствени проблеми поради заболувањето со Ковид 19, болест што ја прележал во декември минатата година.

-Имав многу силна вртоглавица и се на подиумот ми се замагли. Од почетокот на годината се мачам да оздравам по се што се случи на крајот на 2020 година. Таа борба се уште трае – рече Хамилтон на прес конференцијата по прегледот, и, како што рече, се сомнева дека страда од „долг ковид“, феномен што го чувствуваат многу луѓе кои го прележале коронавирусот и што се рефлектира низ голем број различни здравствени проблеми со различен интензитет во пост-ковид периодот.

]]>

Најчитани вести