Пет лица загинаа во вооружен инцидент во северна Германија 

Пет лица загинаа, а неколкумина се повредени во вооружен инцидент во градот Штаде, северна Германија.

Портпаролот на полицијата соопшти дека по инцидентот приведени се две лица, од кои едниот е осомничен за пукањето.

Инцидентот се случи во близина на Центар за млади. Истражителите веќе собираат докази и испитуваат сведоци.

Според германскиот весник „Билд“ сите загинати се возрасни лица.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести