(ВИДЕО) Taлибанците за првпат се обратија до јавноста на прес конференција: Нашите жени ќе ги имаат сите права според шеријатот

По заземањето на Кабул и воспоставувањето на власт, Талибанците за прв пат се обратија до јавноста и ја одржаа првата прес конференција.

-Нашиот план беше да застанеме пред главниот град, откако ќе ги окупираме сите други провинции, но за жал претходната влада беше толку неспособна што нивните сили не можеа да обезбедат безбедност во Кабул и поради тоа моравме да направиме нешто. Тие сакаа да влегуваат во куќи, да малтретираат луѓе и да крадат, па затоа влеговме во Кабул за да се осигураме дека Кабул е безбеден, изјави портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид на прес -конференцијатa.

Тој посочи дека по 20 години окупација, талибанците конечно успеале да ги протераат странците од нивната земја.

https://twitter.com/lutfiabuaun/status/1427634434690502666

-По 20 години борба, ја еманципиравме земјата и ги протеравме странците. Ова е момент на гордост за целата земја – рече Муџахид, кој за прв пат се појави пред камера.

Тој посочи дека талибанците им ги гарантираат сите права на жените според шеријатскиот закон.

https://twitter.com/lutfiabuaun/status/1427634472493662210

-Жените можат да работат во образованието и здравството. Ако меѓународната заедница е загрижена, таа треба да знае дека нашите жени ќе ги имаат сите права според шеријатот. Нашите жени се муслиманки и тие мора да го почитуваат шеријатскиот закон – рече тој.

https://twitter.com/lutfiabuaun/status/1427645932707926032

Муџахид, исто така, истакна дека талибанците им простиле на сите што се бореле против нив.

-Не сакаме повеќе војна во Авганистан. Им простивме на сите што се бореа против нас. Непријателствата мора да престанат, рече тој.

https://twitter.com/BBCBreaking/status/1427649080000401423
]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести