Зеленски: Секој граѓанин на Украина мора да знае дека сум направил сè за да ја запрам војната

Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

Тој претходно денеска ја одби понудата на Кремљ да се состане во Белорусија, укажувајќи на фактот дека Русија делумно ја организирала својата инвазија на Украина од оваа земја.

Најновото соопштение доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во специјална готовност „оружјата за одвраќање“ на земјата, без конкретно да се спомене нуклеарното оружје.

-Врвните лидери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, затоа му наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на готовност, рече Путин.

Претседателот на Украина, Зеленски, во видео порака кажа дека не е оптимист за преговорите што треба да се одржат утре наутро во Припјат.

-Не сум оптимист, но мора да се обидеме. Секој граѓанин на Украина мора да знае дека сум направил се што можам да се запре војната, иако шансите за тоа, реално, се многу мали – вели Зеленски во видео пораката.

Toj рече дека разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Разговорот со Александар Лукашенко беше многу субјективен. Не сакам проектили и авиони да летаат од Белорусија кон Украина. Не сакам војниците да доаѓаат во Украина од Белорусија. Тој ме увери во тоа – рече Зеленски во триминутното видео што го објави на Фејсбук.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести