Средба на министерката Петровска со поранешните началници и генерали

Стоиме зад едно знаме, со заедничка цел и визија – Северна Македонија да биде почитуван и ценет сојузник и столб на регионалната безбедност, е пораката од днешената средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со поранешните началници на Генералштабот и Клубот на генерали.

Со средбата на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, продолжија широките консултации во процесот на трансформација на системот за одбрана.

Како што напомена министерката, професионалноста и искуството на началниците и генералите стекнато низ годините е од исклучително значење во процесот на развој и реформи на Армијата.

-Сакам јавно дека им оддадам признание за придонесот и професионалноста во развојот на Армијата во рамките на изминатите 30 години. Нивното искуство и нивниот личен придонес во поттикнување натамошен развој на Армијата и на Министерството се непроценливи и затоа мојата цел е да ги отворам вратите уште повеќе за тоа знаење и искуство, рече Петровска.

На состанокот министерката и генералите заклучија дека во одбраната и Армијата нема место за политика.

Петровска, имајќи го предвид искуството на поранешните началници на Генералштабот и сегашните и поранешните генерали во Армијата, се заложи новите студиски програми на Воената академија и другите форми на едукација во Командата за обука и доктрини да ги вклучат активните и пензионираните генерали во процесот на едукација на идните офицери во Армијата.

Генералот Павле Арсоски, претседател на Клубот на генерали и се заблагодари на министерката за одбрана за денешната средба и консултација и порача дека во Клубот членуваат професионалци кои на вистински начин се вградија во формирањето и изградбата на вооружените сили и дека се подготвени да продолжат со своето искуство и знаење да помагаат во развојот на одбраната и Армијата.

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести