(ВИДЕО) Како кула од карти: Земјотресот во Турција уништил нова зграда за само неколку секунди

На социјалните мрежи постојано се објавуваат шокантни видеа од Турција и Сирија по разорните земјотреси кои ги погодија овие две земји.

Според последните податоци, има најмалку 5000 загинати, а илјадници луѓе се уште се заробени под урнатините. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска прогласи тримесечна вонредна состојба во 10 југоисточни провинции погодени од вчерашните земјотреси.

Силните земјотреси од 7,8, а потоа и 7,6 степени според Рихтеровата скала уништија и многу домови, згради и инфраструктурни објекти. Како последица на земјотресот урнати се и дел од новоизградените објекти.

Од Малатија пристигнува видео на кое се гледа како новоизградена зграда се урива како куќа од карти.

Видеото привлече големо внимание, а корисниците на социјалните мрежи повикуваат на одговорност на локалните власти, министерствата, инспекциите, како и изведувачите и инспекциите и сите што биле вклучени во процесот на изградба на зградата.

Најнови вести

Најново од Балкан, Видеа

Најчитани вести