(ВИДЕО) Хаос на аеродромот во Кабул, илјадници Авганистанци се обидуваат да заминат, американските војници пукале во воздух

Американските војници испукале неколку куршуми во воздух на аеродромот во Кабул, додека илјадници Авганистанци се обидуваат да фатат некои од летовите и да заминат од Авганистан.

https://twitter.com/NicolaCareem/status/1427122975971561475

-Многу се исплашив. Пукаа во воздух – изјавил еден од присутните за АФП.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како луѓе трчаат по пистата на аеродромот и се обидуваат да се качат во авионите, пренесе Би -Би -Си.

Некои од објавите тврдат дека на летовите кон САД кои превезуваат дипломатски персонал од земјата им се дава приоритет, што предизвика гнев и уште поголем хаос на аеродромот.

Авиокомпаниите кои летаат во воздушниот простор над Авганистан ги пренасочуваат летовите за да го избегнат, додека многу од нив и престанаа да го користат авганистанскиот воздушен простор.

Јунајтед Ерлајнс, Бритиш Ервејс и Вирџин Атлантик соопштија дека ги пренасочуваат летовите, особено на релацијата САД-Индија.

Наместо тоа, многу авиокомпании одлучија да летаат над Пакистан и Иран. Меѓутоа, авиокомпаниите и владите се загрижени за превозниците што летаат над зоната на конфликтот, особено по двата смртоносни инциденти со проектили земја-воздух во Украина и Иран.

„Емирати“ ги укинаа сите летови до главниот град на Авганистан до понатамошно известување.

Луѓето коисакаат да избегаат од насилството се преселија во привремени кампови во парковите во Кабул.

-Дојдовме овде пред седум дена, но владата не ни помага. Во овој парк нема вода и храна – изјавил еден од бегалците од Авганистан.

Многумина од оние што сакаат да избегаат се плашат дека ќе ја изгубат својата слобода под власта на талибанците.

https://twitter.com/JawadSukhanyar/status/1427087901511278592

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е „многу вознемирен“ од извештаите што доаѓаат од Авганистан, пренесе Би-Би-Си.

„Страшно е да се види тоа што се случува со авганистанските девојки и жени на кои им се одземени правата“, додаде тој.

УНХЦР наведува дека околу 80 проценти од околу 250.000 раселени Авганистанци од крајот на мај биле жени и девојчиња.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести

Најчитани вести