Екипите на АД Водостопанство-Тиквеш работат на санација во најбрз можен рок на системот Макарија

Екипите работат на решение за санација во најбрз можен рок на системот Макарија, соопштија за Бриф.мк од АД Водостопанство -Тиквеш. Како што наведоа денеска е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.

„Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба. Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – Тиквеш. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана“, истакнаа тие.

Оштетувањето на сифонот на левиот магистрален канал на системот Макарија, од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско, се случило во текот на денешниот ден. Проблемот ги засега сите сопственици на земјоделски имоти по левата страна од течението на Црна Река, до испустот кај селото Ногаевци. 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести