Славните личности треба да бидат пример за тоа како треба луѓето да се однесуваат меѓу себе и секогаш да ги имаат предвид позитивните меѓучовечки односи.
Така направи и Рита Ора, косовската пејачка на својот настап на фестивал во Унгарија.
За време на настапот таа се симна во публиката, а од нејзин фан доби подарок српско знаме. Таа го зеде знамето, започна да го вее и си го зави околу главата и вратот а видеото од нејзиниот настап стана вирално на социјаните мрежи.
Подоцна се извини тврдејќи дека мислела дека тоа е унгарско знаме, не српско.
Пејачката изјави дека во почетокот не ни видела за какво знаме се работи, тоа го сфатила дури кога се вртила на сцената.
„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам јасно да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или моето семејство“, изјави Рита Ора за Клан Косово.
Се работи за извесен Сабо Гага Боривој од Будимпешта.
На својот профил на Инстаграм и ТикТок, Боривој се пофали со својот потег на концертот.


