Во Неготино 2.908 картички за набавка на гориво за земјоделска механизација во износ од  17. 217, 853 денари

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Неготино, пристигнаа картички за набавка на гориво за земјоделска механизација, информираа денеска од подрачната служба при Министерството. 

– Право на користење имаат сите земјоделци кои имаат поднесено барање за финансиска поддршка во 2022 година.  Вкупно се издадени 2.908 картички во износ од  17. 217, 853 денари, појаснија од Подрачната единица. 

Картичките ќе може да се подигнат во просториите на ПЕ Неготино секој работен ден, со документ за лична идентификација, лична карта или пасош. 

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести