Од срце, топло и домаќински сме пречекани од фамилијата Шерифови, земјоделци од село Дорфулија, Лозово. Добитници на два трактори преку #ИПАРД и преку Националната програма вредно си ја работат земјата со тутун, житарки и луцерка – објави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Земјоделците денес повторно имаат довреба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса.
Македонија е земја лидер во регионот во реализација на #ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра.
Европа нуди еднакви шанси за секој, затоа сигурно чекориме по европскиот пат, за подобра иднина за сите. Патот до ЕУ го чекориме заедно со земјоделците – милионски фондови, милијарди евра субвенции и европски пазар за македонските производи – потенцира Николовски кој денот го посвети на земјоделците од Лозово.

Ја посетив фамилијата Давитковски, од Лозово. Стојан заедно со неговиот син се занимаваат со лозарство и се успешни #ИПАРД корисници, добитници на трактор.
Европската унија е единствената шанса за Македонија. Тоа го гледаме преку многуте успешни #ИПАРД приказни. Веќе е распишан повикот за мерката 3 од ИПАРД 3 програмата, со која на располагање ставаме 14 милиони евра.
Од некогаш заробена и изолирана држава, денес сме држава од која другите земаат позитивен пример. Земја која своето искуство го пренесува на другите. Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на нај напредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и користењето на средствата од #ИПАРД програмата – вели Николовски.





