„Најк пром“: НОВ МОДЕЛ НА ТРАКТОР, LOVOL 1004  – Моќен, Современ, Ефикасен

Тракторот LOVOL 1004 е дизајниран за најефикасна и најсовремена обработка на Вашите земјоделски површни.

Тракторот LOVOL 1004 поседува ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, ниска потрошувачка, обезбедува максимална сигурност и прoфесионална обработка на сите работни површини. Има максимална резерва на вртежен момент од ≥30% и сила на влечење од 29KN. Синхронизираниот менувач со 18+18 брзини овозможува лесно менување и комфор во обавувањето на сите операции.

Тракторот LOVOL 1004 има мал радиус на вртење од 4,6m со што го заштедува времето за вртење и ја зголемува ефикасноста. Предната оска е со голем агол на вртење, до 45° и 500mm растојание од земјата.

Тракторот LOVOL 1004 трета генерација поседува најнов модел на кабина, херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, звучно изолирана, со парно и клима, тапацирана, панорамски стакла без мртов агол, рамен под, шибер, брисачи.

Тракторот LOVOL 1004 е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.

Спецификација за Трактор LOVOL 1004:

  • Mоќност на мотор 100 коњски сили
  • Број на цилиндри, 4 цилиндри
  • Погон на сите 4 тркала / 4WD
  • Хидрауличен волан
  • Синхронизиран менувач / Брзини 18 напред, 18 назад
  • Кардан со 2 брзини, 540 и 1000 вртежи
  • Гуми радијални, Предни 380/70R24,  Задни 520/70R34
  • Хидраулика, двосмерна MONOBLOK
  • 6 хидраулични излези
  • Тегови напред и назад
  • Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, топлинг, сет алат
  • Кабина херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, клима и парно, тапацирана, рамен под, радио со USB, брисачи, Grammer воздушно седиште, брисачи, шибер

За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!

075/468-450; 072/261-251; e-mail: najkprom@live.com

НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи безмалку 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго. 

Генерални и директни увозници сме на повеќе поснати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, ODES, OKAY Economic, AGROKUN и други.

Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок. 

Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.

www.najkprom.com.mk
Facebook
Instagram

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести