Леброн потпиша нов договор со Лејкерси за 104 милиони долари

Лидерот по бројот на постигнати поени во НБА лигата, Леброн Џејмс, потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, објави ЕСПН. Договорот на 39-годишниот Џејмс е за следните две сезони и вреди вкупно 104 милиони долари.

Според ЕСПН, договорот е за 1+1 година, а има и клаузула која го спречува раководството да го префрли во друг тим.

Единствениот друг играч во НБА со слична клаузула е Бредли Бил од Феникс Санс.

Новата сезона за Џејмс ќе биде 22-ра во НБА. Во него тој ќе може да игра заедно со својот син Леброн Џејмс Јуниор. 19-годишниот Брони беше драфтуван од Лејкерси во второто коло на драфтот што пред неколку дена се одржа во Њујорк.

МИА