Куман сака да ја предводи Холандија на Светското во 2026 година

Селекторот Роналд Куман потврди дека сака да биде на чело на репрезентацијата на Холандија на Светското првенство во 2026 година.

-Во моментов немам други намери. Мислам дека нема да можат да се ослободат од мене во моментов, изјави селекторот со шеговит тон за весникот „Де Телеграф“.

Шеесет и едно годишниот Куман информираше и за здравјето на својата сопруга која се бори со ракот на дојката.

-Нејзиното здравје е добро. Навистина е на лекување, но тоа не е причина да престанам да работам, додаде поранешниот играч на Барселона.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. На Евро 2024, Холандија се пласираше во полуфиналето, каде во среда во Дортмунд ќе се сретне со Англија.

МИА