Ким Кардашијан со скршено стапало на отворањето на нејзината продавница: Не се откажа од високите потпетици

Ким Кардашијан не се откажува од високите потпетици ниту со скршено стапало. Таа отвори продавница на својот моден бренд „Скимс“ во Њујорк, а на отворањето го привлече целото внимание.

Реалити ѕвездата на отворањето на продавницата носеше модна комбинација во беж боја која го истакна нејзиното деколте. Но, целото внимание на публиката го привлече помошниот скутер на кој се возеше до влезот. Повредената нога ја држела на седиштето на помошното возило за да не ја оптоварува.

И, покрај тоа што беше со скршено стапалото, Ким носеше високи потпетици, но во еден момент се пресоблече во рамни чизми. Иако, Ким не откри како дошло до несреќата, таа неодамна на инстаграм-профилот објави дека го скршила стапалото.

„Скршено стапало за празниците“, напиша таа.

Инаку, нејзиниот бренд, кој неодамна беше проценет на импресивни 4 милијарди долари, сега ја има својата прва водечка продавница на Петтата авенија. Продавницата се простира на четири ката, а овој простор порано две децении беше „дом“ на брендот Версаче, сместен веднаш до вилата на „Картие“ на Петтата авенија. Продавницата вклучува и изложбен салон/ВИП простор, како и деловен простор за 175 вработени. Ова е воедно шеста и најголема продавница на брендот досега.

Извор – Слободен печат

Најчитани вести