Не престануваат коментарите за танцот на првата дама на САД и младиот војник: Посакувам некого да го гледам како што Меланија го гледаше младиот војник

Корисниците на социјалните мрежи и по два дена се уште го коментираат танцот на новиот американски претседател Доналд и првата дама на САД, неговата сопруга, Меланија Трамп.

Се работи за танцувањето на балот наречен „Commander in Chief“ што се одржа по повод инаугурацијата пред неколку дена. Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, додека Меланија повторно стана прва дама.

По нивниот прв танц, на сцената им се придружи и потпретседателот Џ. Д. Венс и неговата сопруга Уша, а потоа секој од нив танцуваше со член на американската војска.

Балот „Commander in Chief“ е посветен на сите членови на американската војска, пишува Daily Mail. По тој повод, Меланија танцуваше со член на почесната гарда на воздухопловните сили, Хенри Вален.

„Меланија штотуку танцуваше на балот со млад војник и никогаш не сум ја видел толку насмеана“, „Посакувам некого да го гледам како што Меланија го гледаше младиот војник кој танцуваше со неа“, се само дел од коментарите.

За потсетување Меланија е родена во Словенија, а пред да дојде во САД работела како модел. Поради нејзиното минато, многумина ја нарекуваат нетрадиционална прва дама. Нејзините фотографии од раните денови на нејзината кариера, вклучувајќи ги и оние на кои позира гола, повторно се појавија за време на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Во 1995 година, на 25 години, таа позирала гола за францускиот магазин Max. Во јануари 2000 година, Меланија била фотографирана за британскиот магазин GQ, каде позирала во приватниот авион на Доналд Трамп, носејќи само дијамантски накит и метални лисици.

Во 1996 година, Меланија се преселила во Њујорк нешто што претставува пресвртница во нејзиниот живот. Таа добила можност да работи со престижните модни списанија, меѓу кои Vogue и Vanity Fair.

Сепак, клучниот момент се случил во 1998 година, кога таа го запознала Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.

Доналд и Меланија се вериле во 2004 година, а се венчале во јануари 2005 година на церемонија во Палм Бич, Флорида.

Најчитани вести