Можен прекин во водоснабдувањето во Визбегово

Во скопската населба Визбегово денеска е можен прекин во водоснабдувањето.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, се работи за уличен дефект на потисна цевка Ф-300 милиметри за резервоарот – Визбегово.  Доколку дојде до празнење на резервоарот, како што се наведува, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од Визбегово.

Санирањето на дефектот е почнато од 10:00 часот и ќе се работи се до негово завршување. 

МИА

Најчитани вести