Поради уличен дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар (ГТЦ), прекинато водоснабдување во текот на утрешниот ден ќе имаат корисниците од трговскиот, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што стои во соопштението, ГТЦ ќе биде без вода од осум часот, па сѐ до санирање на дефектот.


