На денешната седница на Собранието на Србија, на кандидатот за министер за образование на Дејан Вук Станковиќ му се слошило и обезбедувањето о изнело од седницата. Реагирала и Брзата помош.
На седницата се избира новиот премиер Ѓуро Мачут, како и членовите на неговиот кабинет. Седницата започна во 10:00 часот, а во моментов трае расправата на пратениците.
Додека говорел пратеникот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, во еден момент настанало метеж, а Алекиќ го прекинал излагањето.
Се покажало дека на Дејан Вук Станковиќ му е лошо, а откако обезбедувањето го извело надвор од салата, Алексиќ продолжил со излагањето.

По еден час во салата се вратил Дејан Вук Станковиќ.
– Мило ми е што гледам дека Дејан Вук Станковиќ се врати во салата. Се надевам дека сте добро – повика Душан Бајатовиќ, шефот на пратениците на Социјалистичката партија на Србија, пред да започне со своето излагање.
На тоа Станковиќ со насмевка замавнал со раката, пишува српски Блиц.


