Принцот Хари повторно му сврте грб на семејството поради Меган Маркл: „Се плаши од неа“

Додека беше во Велика Британија, принцот Хари не го посети својот тешко болен татко, кралот Чарлс, а причината за ова навнодно била забраната што ја вовела неговата сопруга, војвотката Меган Маркл.

„Хари сакаше да го посети својот татко, но не го стори тоа. Сите велат дека стравот од Меган го спречил да го види своето семјество“, открил изворот за „Р.Онлајн“

Бунтовниот кралски член, кој ги напушти кралските должности со сопругата Меган во 2020 година и се пресели во Калифорнија за да започне нов живот, се врати во својата татковина на 7 април поради жалба за губење на државната безбедност за време на неговиот престој во Обединетото Кралство.

Сепак, извори тврдат дека 40-годишниот Хари не брзал да го види својот татко по пристигнувањето во Лондон, иако кралот Чарлс неодамна беше примен во болница  поради несаканите ефекти од третманот за рак.

„Чарлс беше во градот во тоа време на закажан термин за терапија. Хари лесно можеше да закаже утрински состанок или да дојде претходниот ден да го види“, изјавил изворот.

Хари, кој беше остро критичен кон своето семејство во бројни интервјуа и во својата автобиографија, сè уште ги чувствува последиците од своите постапки. Кралицата Камила (77) и неговиот брат, принцот Вилијам (42), одбиваат да го пречекаат назад со раширени раце.

„Хари се обиде да се смири со нив, но тие му ја затворија вратата. Тоа го налути, а Меган дополнително го разгорува неговото чувство на неправда. Ова е понижувачки за Хари, а Меган го обесхрабрува од каков било обид за помирување. Тој сега се чувствува искористен и непосакуван“, рече изворот.

Меган, 43, исто така, упати сериозни обвинувања против кралското семејство, нарекувајќи го рамнодушно и обвинувајќи некои членови за расистички коментари за бојата на кожата на нивниот син Арчи.

Меган не стапнала во Велика Британија од 2022 година и погребот на кралицата Елизабета. Извори тврдат дека секој пат кога Хари го преминува Атлантикот, Меган одбива да го придружува, избирајќи да остане во нивниот дом во Монтесито со нивниот син Арчи, кој ќе наполни шест години на 6 мај и ќерката Лилибет, која има три години.

„Меган изгледа среќна што постои оддалеченост меѓу неа и кралското семејство, додека Хари гори од гнев“, споделил друг извор.

„Доколку Хари се обидеше да разговара со Чарлс, Меган сигурно ќе дознаеше, а потоа ќе мораше да се соочи со нејзиниот гнев.“ Тој, според изворите, е под целосно влијание на својата сопруга“, пишува „Б92“.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести