Мачкајте го на леб или додадете го како прилог на јадење.
Потребно е:
1 зрело авокадо (350 г)
1 лажичка сок од лимон
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук
бибер
сол
1 лажица сечкан магдонос
И уште
8 мали парчиња интегрален или пченкарен леб
100 г шери домати

Подготовка: Исечете го авокадото по должина, а потоа отстранете ја семката. Извадете го месниот дел со лажица, а потоа испасирајте го. Додадете сок од лимон, маслиново масло, згмечен лук, сол, бибер и магдонос.


