(ВИДЕО)Момент на нежност меѓу Меланија и Доналд Трамп: „Не може да го поднесе!“

Видео снимка е повторно главна тема на социјалните мрежи, а Меланија и Доналд Трамп се снимени на аеродромот, по враќањето од Рим, каде присуствуваа на погребот на папата Франциск.

Претседателската двојка Доналд Трамп и Меланија Трамп се под лупа на јавноста, а нивниот „воздушен бакнеж“, како што тогаш го нарекуваа корисниците на социјалните мрежи, стана вирален и по инаугурацијата. Сега интернетот е преплавен со ново видео – направено откако претседателот на Америка и првата дама се вратија од погребот на папата Франциск.

Многумина се на мислење дека односот меѓу претседателската двојка е ладен и воздржан, а и најмалиот знак на нежност кој допира до јавноста е предмет на анализа и дискусија на социјалните мрежи.

Експертот за говор на телото Џуди Џејмс го анализираше видеото од аеродромот во Америка по слетувањето од Рим, кога Доналд и Меланија го повторија бакнежот „во воздух“ пред да тргнат по својот пат – Меланија во нејзиниот автомобил, а Трамп во неговиот.

@emilylgoodin

Donald and Melania Trump part ways after arriving in the US from Pope’s funeral #trump #donaldtrump #melaniatrump #popefrancis #popefuneral #behindthescenes #president

♬ Pretty Girls Walk – Big Boss Vette

Џуди смета дека бакнежот е иницијатива на Меланија, како таа да е таа што го поттикнала и го извела, со што започна нова дискусија – кој всушност го има главниот збор во нивната врска и колку се спонтани нивните гестови, односно увежбани за јавноста?

„Сигурна сум дека имаат договор“, „Таа оди кај момчето“, „Видоа дека ги снимаат, па решија да се бакнат“, „Дали воопшто се познаваат?“, „Не го поднесува!“, се само дел од коментарите на ова видео на Тикток.

Најчитани вести