Како што открива извор близок до фолк дивата Драгана Мирковиќ, таа вчера и официјално ставила крај на бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ. Разводот на Драгана и Тони се случи во март минатата година, но парот дури вчера стави судски крај на бракот.
Пред неколку дена во јавноста дојде информација дека Тони е во врска со деловна жена од Италија, додека претходно се зборуваше дека е вљубен во 15 години помлада лекарка.
Сите овие работи биле дополнителен мотив Драгана што поскоро да стави крај на бракот со Бијелиќ, а тој очигледно не се брзал.

Иако долго време не живеат заедно, Драгана и Тони се разведоа дури сега, а причина за тоа наводно е неможноста за договор околу поделбата на имотот. Сепак, ниту фолк дивата ниту нејзиниот сега веќе поранешен сопруг не сакаа да зборуваат за тоа пред медиумите.
По разделбата со Бијелиќ, Драгана ја продолжи балканската турнеја. Иако по објавата дека се разведува, беше јасно дека е многу тажна и депресивна, пејачката со текот на времето се опорави, се посвети на децата, работата, пријателите… А, дека едвај го дочека разводот, јасно е и фотографијата што ја објави по завршувањето на судскиот процес.
– Така среќен ден – напиша Драгана со фотографија на која е насмеана и преубава.

Тони исто така се огласи вчера, по разводот, на својот Инстаграм профил. Тој објави фотографија со двајца пријатели придружени со песната „Никој ништо не ни може“. Меѓутоа, дали оваа песна и ја посветил на Драгана затоа што не успеала да го добие имотот што го планирала или ова е само случајност, не се знае.
Сепак, познато е дека на профилот на Тони се уште има заеднички фотографии од него и Драгана. Последната е само 4 месеци пред нивната разделба. Дали ова е пораката на Бијелиќ до поранешната сопруга дека се уште не се откажал од неа, и дека нема друга жена во неговиот живот, останува да се размислува.


