Полицијата соопшти дека полицајци го пронашле непознатото тело на детето во март оваа година и дека преку меѓународна соработка и ДНК-анализа било утврдено дека се работи за девојчето од Загреб.
Според медиумите, телото на детето било пронајдено под еден од сплавовите на Сава во околината на Белград. Медиумите додаваат дека телото било извадено од страна на полицијата со помош на пожарникари и дека било транспортирано за обдукција во белградскиот Институт за судска медицина.
По исчезнатото девојче беа покренати неколку потраги по должината на целиот тек на реката Сава во Загреб и во Загрепската жупанија. Спасувачките екипи, вклучувајќи полиција, пожарникари и Горската служба за спасување, ја пребаруваа реката користејќи чамци, дронови и подводни скенери.
извор: slobodenpecat.mk


