Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ блесна во светло портокалова облека кога дојде на снимањето на популарното шоу.
Овој комплет се состои од елек без ракави со длабоко деколте и копчиња, во комбинација со стилски панталони со широки ногавици и висок струк. Судејќи според фотографиите, комплетот е изработен од лен, кој е идеален материјал за овој период од годината, односно за високи температури.

Носи и сандали со златни детали и портокалова Шанел чанта која одговара на тонот на целата облека. Стајлингот дополнително го комплетираше со очила во ретро стил и дискретен златен накит од брендот Картие, објави најженаало.рс

Ова е одличен пример како да носите впечатлив комплет на летните забави и свадби – доволно гламурозен, но и доволно удобен за дневни настани. Комбинацијата на боја, крој и додатоци дава ефект на моќ и женственост.

Дали ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?


