Погребани жртвите од трагедијата во српска Топола: Јокиќ изгуби три генерации во еден ден

Богдан, Никола и Филип Јокиќ, кои починаа во близина на Топола Србија откако се задушика од амонијак, денес беа погребани, објавија српските медиуми .

Амбулантните екипи биле присутни на погребот бидејќи морале да интервенираат кога еден од пријателите на жртвата паднал во несвест.

Тројца членови на семејството Јокиќ се погребани еден до друг.

На погребот присуствувале стотици луѓе, главно членови на семејството, роднини, пријатели и соседи.

“Ова е трагедија, голема тага, сите мажи во семејството починаа. Денес тие требаше да го прослават полнолетството на нивната ќерка, а наместо тоа имаше погреб”, рече роднината.

Сопругата на Богдан, Нада Јокиќ, исто така претрпела труење со амонијак. Таа е во тешка состојба и е на механичка вентилација во интензивната нега на Клиничкиот центар во Крагуевац.

извор: slobodenpecat.mk

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести