(ВИДЕО)Невреме создаде хаос во Младеновац, делови од зграда расфрлани на улица, смачкан автомобил

Силно невреме попладнево ја зафати Србија, а меѓу драматичните видеа кои кружат на социјалните мрежи е и едно од Младеновац, каде може да се види како силниот ветер однесе дел од покривот на зграда!

Ветерот откорнал гранки, паднале далноводи, а најмалку еден автомобил е сериозно оштетен.

-Покрив на зграда во Младеновац се урнал поради невреме. Пожарникарите се на терен. Според првичните информации нема повредени лица – стои во описот на видеото, објави српски Курир.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести