Поради пожари за сообраќај затворени регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово и ГП Меџитлија

Сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово од 13:30 часот е во прекин за сите видови на возила поради пожар покрај самиот пат, информира АМСМ. 

Сите видови возила се пренасочуваат кон автопатот А-4.

Поради пожар, додава АМСМ, од 14:30 часот за секаков вид сообраќај е затворен и граничниот премин Меџитлија.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести