Задутре времен застој на ГП „Делчево“ поради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ информира дека в среда граничниот премин и граничен надзор „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај од 8:00 до 14:00 часот.

Како што информира МВР, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, причина се градежните работи на патната делница кај  ГКПП „Станке Лисичково“.

По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести