Невреме ја погоди Албанија, прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

Невреме, проследено со силен ветер и обилен дожд  попладнево ја зафати територијата на Албанија, што услови прекин во воздушниот,поморскиот и на делови од патниот сообраќај.

„Силното невреме што ја погоди Албанија, предизвика привремен прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Тирана. Пистата е погодена од силен ветер и дожд, што го оневозможува нормалното функционирање на летовите. Властите ги прекинаа летовите додека не се подобрат временските услови“, објави Евроњуз Албанија (euronews.al).

Невремето кое предизвика големи бранови услови прекин и на поморските сообраќај.

Во пристанишниот град Драч,како и во Тирана и други делови на земјата ветрот носеше се пред себе. Има паднати дрвја, а во повеќе делови има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат максимална претпазливост и строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Советуваат, граѓаните, без поголема потреба да не  излегува од домовите, бидејќи “улиците се преполни со вода и паднати дрвја, гранки и лимени покриви”.

“Вработените во сите локални полициски дирекции, противпожарните бригади и локалните власти се на терен, за да обезбедат помош и поддршка. Во случај на потреба јавете се на бесплатниот телефонски број112”, се наведува во апелот. 

Според медиумите поради невремето голем број туристи го напуштаат крајбрежјето.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести