(ФОТО)Преседан во Кина: Автомобилот на Путин со кинески регистарски таблички

Руските медиуми објавија фотографија од автомобилот „Аурус“ на рускиот претседател Владимир Путин, со кинески регистарски таблички, кој тој го користи за движење низ Тјенџин, каде што пристигна порано денес на четиридневна посета на Кина.

На аеродромот Бинхаи, Путин беше пречекан од службени лица и почесна гарда, а откако ги поздрави, Путин влезе во претседателскиот „Аурус“ и се упати кон резиденцијата што му беше обезбедена, пренесува ТАСС.

Тој вообичаено патува во својот автомобил со руски регистарски таблички на сите патувања, вклучително и патувањата во странство, но регистарските таблички на претседателската лимузина, која беше специјално доставена од Русија, овој пат беа заменети со кинески, а црната боја на нив означува дипломатски таблички, пренесува Танјуг.

На почетокот од посетата на Кина, Путин ќе учествува на дводневниот самит на Шангајската организација за соработка (ШОС), кој започнува денес во Меѓународниот конгресен и изложбен центар Мејџијанг.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести