Силен земјотрес во Турција: „Многу се тресеше, беше страшно“

Силен земјотрес беше регистриран во Западна Турција денес. Според LastQuake, земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот го погодил регионот во близина на Усак во Турција и Симав. Епицентарот бил регистриран на длабочина од 10 километри. Моментално нема извештаи за повредени или материјална штета.

„Се чувствуваше доста силно, бев исплашена“, „Се тресеше доста силно, мислевме дека ќе биде и посилно“, се само дел од коментарите на турските граѓани.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести