По неодамнешната забрана на социјалните мрежи во Австралија за лица под 16 години, Бауме-Шнајдер изјави дека Швајцарија би требало да разгледа слични мерки.
„Дебатата во Австралија и Европската Унија е важна и мора да се одржи и во Швајцарија. Јас сум отворен за забрана на социјалните мрежи“, рече министерот, член на централнолевичарските социјалдемократи.
Детални расправи ќе започнат во новата година на основа на извештај за ова прашање, објави Бауме-Шнајдер. „Социјалните мрежи мора да преземат одговорност за тоа што децата и младите консумираат“, истакна таа.
Забраната во Австралија доби пофалби од многу родители и групи за заштита на децата, а беше критикувана и од големите технолошки компании и застапниците за слобода на говорот. Порано овој месец, парламентот на швајцарскиот кантон Фриборг гласаше за забрана на употребата на мобилни телефони во училиште за деца под 15 години, објави Тпортал.хр.


