Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Божиќното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше „нецивилизирано и полно горчина“, што, како што рече, сугерира дека тој е „ментално нестабилна личност“.

„Видовме извештај за навистина бизарното божиќно обраќање на Зеленски. Тоа е некултурно, огорчено и звучи како донекаде нестабилна личност“, изјави Песков за руските медиуми.

Тој додаде дека Кремљ ја доведува во прашање способноста на Зеленски да донесува соодветни одлуки за политичко и дипломатско решение на конфликтот во Украина.

Во божиќното видео, Зеленски некому му посака  „да пропадне“, наведувајќи дека тоа ќе биде божиќна желба на сите Украинци, но не прецизираше до кого е упатена желбата.

Во јули 2023 година, Зеленски потпиша закон со кој се наведува дека Божиќ во Украина официјално ќе се слави на 25 декември според јулијанскиот календар.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести