Полицијата пристигна пред згадата по палењето на автомобилот на јутјуберот Бака прасе

Автомобилот на јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, бил запален синоќа. Инспекторите пристигнале утрово во зградата на Бака прасе на увид.
Пред зградата, на паркингот, има земја, уништени автомобили и стакло насекаде.
Да потсетиме дека Бака прасе прв објави видео од пожарот.

Почивај во мир Брабус, 2023-2026, се вели во неговата објава. Точната причина за пожарот сè уште не е позната.
Богдан Илиќ потоа повторно се огласи на социјалните мрежи, директно посочувајќи ја причината за палење на возилото.
Го запалија Брабус затоа што не сакав да платам за рекетот – напиша Бака прасе покрај видеото од уништеното возило, додавајќи емотикон на кој плаче од смеа на пораката.

Причината за пожарот засега е непозната.

Најчитани вести