Викторија (23) е полицајката убиена во терористички напад во Лавов

Во терористички напад што се случи во центарот на Лавов во саботата навечер, загинал еден полицаец, а 24 други лица биле повредени. Две експлозии се случиле кога полициските патроли пристигнке на местото на настанот, објавува Украинска правда, пишува Индекс.хр.

Убиена е 23-годишна полицајка
Полицијата го објави идентитетот на убиената колешка. Станува збор за 23-годишната Викторија Шпилка. Родена е во Волинскиот регион, а подоцна се преселила со родителите во Херсон.
Откако дипломирала на Државниот универзитет за внатрешни работи во Лавов, таа се приклучила на патролната полиција. Прво служела во Херсонската област, а од 2023 година во Лавовската област. Се омажила минатата есен, а нејзиниот сопруг е исто така полицаец.
Според полицискиот извештај, експлозиите се случиле околу 46 минути по полноќ во центарот на градот, во близина на трговскиот центар „Магнус“. Детонациите се случиле додека две полициски патроли пристигнале да интервенираат.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, изјави дека во градот се случил терористички напад. Канцеларијата на регионалниот обвинител на Лавов потврди дека инцидентот се истражува како терористички чин.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести