Србија до 19 март забрани извоз на нафта и нафтени деривати

Владата на Србија на вонредна седница донела одлука за забрана на извоз на нафта и на сите нафтени деривати за погон на мотори, објави „Данас“.

– Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе носиме понатамошни одлуки. Суштината на оваа забрана е заштита на домашниот пазар од недостиг и од раст на цените, поради глобалните нарушувања на светскиот пазар — изјави министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа потсети и дека Србија е земја во која граѓаните плаќаат нафтени деривати по пониска цена во однос на нивната реална цена на берзата, додавајќи дека државата прави сè за да ги заштити граѓаните и стопанството.

Најчитани вести