Помладата ќерка на Моника Белучи и Венсан Касел, 16-годишната Леони, е новата ѕвезда на априлското издание на италијанскиот „Вог“. Ова е нејзиното прво појавување на насловна страница, каде позираше рамо до рамо со својата славна мајка, тргнувајќи по стапките на Моника и нејзината постара сестра Дева.

На насловната фотографија, Леони изгледа природно и модерно во едноставна комбинација од црна кожена јакна и фармерки, надополнета со слушалки и очила за сонце. Младата Леони сама ги избрала парчињата облека кои најдобро го отсликуваат нејзиниот секојдневен стил, маици, фармерки и патик
„Не очекував дека сè ќе се одвива толку брзо и сè уште не можам да поверувам дека ова ми се случува. Постојано си велев: ’Ова не е игра‘. Уживам во запознавањето нови луѓе и сакам да бидам во движење. Една од моите омилени фотографии е онаа каде што мајка ми и јас се шминкаме заедно“, изјави Леони за магазинот.
Италијанската дива во интервјуто отворено зборуваше за нивните семејни ритуали и блискоста со ќерките. Моника откри дека ужива во моментите кога Леони и Дева заедно се подготвуваат за излегување.
„Мора да ги почитувате вашите деца. Треба да сфатите дека во еден момент тие ќе пораснат и единствено што можете да направите е да се грижите за нивниот лет. А Леони веќе лета. Лета брзо бидејќи ја интересира животот“, вели гордата мајка, која својата помлада ќерка ја нарекува „дете на љубовта“.
Извор – Слободен печат


