Секое општество има такви луѓе кои, без оглед на ситуацијата, успеваат да внесат доза радост, смеа и релаксација. Нивното присуство е заразно, а енергијата може да се почувствува – од првиот момент кога ќе влезат во просторијата.
Стрелец
Стрелците се вистински оптимисти кои постојано внесуваат енергија со својата природност и љубов кон авантурата. Нивната способност спонтано да започнат разговор, да раскажуваат интересни приказни или да се шегуваат ги прави неодоливи во секое друштво.
Со нив, луѓето се чувствуваат послободно, поотворено и поподготвени да уживаат во моментот. Стрелецот не планира да биде во центарот на вниманието – тој едноставно зрачи, а неговото присуство веднаш го подобрува расположението на сите присутни.

Лав
Лавовите не мора многу да се трудат за да бидат забележани – нивната харизма ги прави неизбежни. Нивната способност да препознаат кога друштвото треба да се подигне и да го направат тоа со стил е единствена. Лавот често ја презема улогата на домаќин или забавувач, а неговата искрена желба сите да уживаат го прави централна фигура на секоја забава.
Со Лавот, речиси и да нема непријатна тишина – неговата топлина и енергија дејствуваат како магнет што ги собира и инспирира луѓето.
Близнаци
Близнаците имаат талент за прилагодување на секоја личност и ситуација, што ги прави идеални за дружење.
Нивната духовитост, леснотијата на разговор и способноста да препознаат кога некој е запоставен. Близнаците знаат како да започнат интересни теми, да го зачинат разговорот со спонтана забелешка и да поврзат луѓе кои претходно не се познавале. Времето лета со нив, а атмосферата секогаш останува весела.


