(ВИДЕО) Српски министер: Не ги запишувајте децата на „блокадерски“ факултети, ќе ви ги вратат во ковчег

Српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ во гостување на телевизија „Пинк“ остро го нападна Универзитетот во Белград и упати грозоморна порака до родителите.

„Многу сум свесен за тежината на зборовите кои сега ќе ги изговорам. Не ги запишувајте децата на „блокадерски“ факултети, ќе ви ги вратат како што ја вратија девојката од Шабац, во ковчег“, рече Глишиќ.

Станува збор за смртта на девојката чие тело било пронајдено минатата недела на платото пред Филозофскиот факултет во Белград, трагедија чии околности се уште се утврдуваат.

„Не ги запишувајте децата таму каде што има декан „блокадер“. Децата не одат таму за да научат. Ги праќате децата таму за да бидат нивна пешадија, нивна војска“, додаде тој.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести