Сарма со лозов лист

Сармата со лозов лист е вистинско богатство од традиционални вкусови и не треба да се пропушти

         Состојки:

  • 500 грама мелено месо
  • 1 и ½ лажички сув зачин
  •  мелен црн бибер
  • ½ лажичка црвен пипер
  • сол
  • 1 лажица масло
  • 100 грама ориз
  • 25 листа лозов лист
  • 250 мл паста од домат

Подготовка:

Отстранете ги тврдите делови од листовите и кратко потпете ги во топла солена вода да омекнат, а потоа исцедете ги. Ставете во меленото месо, сув зачин, црн бибер, црвен пипер, сол, масло и во сад сè добро измешајте рачно. Додадете го измиениот ориз и повторно добро измешајте.

Ставете малку од подготвената смеса од месо врз листот и завиткајте го во мала ролна. На ист начин подгответе ја и преостанатата смеса, додека не ги потрошите сите состојки. Ставете ги сармите во сад за готвење и прелијте ги со врела вода додека не се покрие целосно и покријте.

Гответе на тивок оган околу 60 минути. Додадете повеќе вода доколку е потребно за време на готвењето. Кога сармата ќе биде готова, додадете ја пастата, варете кратко за да направите сос. Ако сакате запршка, подгответе ја со масло, брашно и црвен пипер и додадете ја во течноста во која се готви сармата.

Сервирање:

Сервирајте ја сармата со кисело млеко или павлака.

Совет:

Не ја мешајте сармата за време на готвењето, само нежно протресете го садот од време на време.

МИА

Најчитани вести