ЕК ја одобри новата транша од 65,7 милиони евра за нашата земја во рамки на Планот за раст и Механизмот за реформи

Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст.

Како што соопшти Министерството за европски прашања, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност со европските стандарди.

null

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави одлуката на Европската комисија, истакнувајќи дека ова претставува важен сигнал на доверба и признание за реформската агенда на државата.

– Европската интеграција повеќе не е само политичка аспирација. Денес таа се претвора во конкретни инвестиции, поддршка и реални можности за нашите граѓани – изјави министерот Сали.

Овие средства претставуваат дополнителен поттик за продолжување на реформите, зајакнување на институциите и забрзување на европскиот пат на државата.

– Министерството за европски прашања останува целосно посветено на ефикасната координација на реформските процеси и обезбедување европската поддршка директно да се преточи во подобар животен стандард и повеќе можности за граѓаните – се посочува во соопштението од Министерството за европски прашања. 

МИА

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести