Голем пожар избувна во кругот на поранешен „Декортекс“ во Радовиш. Во гаснењето биле вклучени пожарникари од неколку градови и доброволни противпожарни друштва.

Голем пожар избувнал во Радовиш, во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“, каде што огнот зафатил производствени погони и машини. Според првичните информации, пожарот започнал во доцните попладневни часови, а густ чад и пламен брзо се прошириле низ објектите.

На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Радовиш, а поради сериозноста на ситуацијата на помош биле повикани и пожарникари од Струмица, како и доброволните противпожарни друштва од Злеово и Конче.

Надлежните институции засега не соопштуваат детали за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица.

Фото: Протвпожарна Радовиш


