Меси се појави на тренинг на Аргентина

Светскиот првак Аргентина ги почна своите подготовки за Светското првенство. Аргентинците се во тренинг базата во Канзас Сити.

На тренингот беше присутен и капитенот и најдобриот играч на шампионот Лионел Меси, но тој тренираше одделно од тимот. 38-годишниот фудбалер на Интер Мајами ќе го игра своето шесто Светско првенство.

Сепак настапот на Меси на натпреварите во групата е неизвесен откако се повреди на последниот натпревар што го играше за својот тим.

Аргентина е во групата Ј, каде ривали и се: Алжир, Јордан и Австрија. Прв ривал на „гаучосите“ им е репрезентацијата на Алжир. 

МИА

Најчитани вести