Во Сахара од жед починале 49 луѓе

Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починале 49 луѓе од жед, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил откако им се расипал камионот со кој патувале. Двајца патници пешки пристигнале до еден извор на вода и ги известиле властите на Нигер.

Сите починати се државјани на Нигер. Тие се враќале од верски фестивал во Мали кога им се расипал камионот.

извор: 24info.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести