Германската фудбалска репрезентација до крајот на Светското првенство ќе биде без дефанзивецот Нико Шлотербек, кој го заврши настапот на мундијалскиот турнир поради повреда на глуждот, јавија денеска германските медиуми.
Според извештаите на „Билд“ и „Скај“, репрезентативецот од редовите на Борусија Дортмунд ги скинал лигаментите на левиот глужд за време на натпреварот во саботата против Брегот на Слоновата Коска, на кој Германија победи со 2-1.
Дваесетишестгодишниот Шлотербек, според првичните лекарски проценки, ќе отсуствува околу два месеци.
Медиумите наведуваат дека местото на Шлотербек ќе го заземе искусниот Антонио Рудигер, кој неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една година.
МИА


