Репрезентацијата на Парагвај го направи првото големо изненадување на Мундијалот откако по изведување на пенали со 4:3 – 1:1 успеа да ја елиминира Германија.
Парагвај дека е подготвен за изненадување најави во завршницата на првиот дел со голот на Хулио Енцисо во 42.минута, но Германија на стартот на вториот дел изедначи на 1:1 преку Каи Хаверц. Во продолжението Германија постигна гол, кој по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен.
По изведувањето на пенали беа шутирани шест серии, а поуспешни беа фудбалерите на Парагвај со 4:3. Кај Германија пеналите не ги реализираа (три): Тах, Волтемаде и Хаверц, додека кај Парагвај (два) промашија: Санабриа и Фабиен Балбуена.
Во осминафиналето Парагвај ќе игра со победникот од дуелот Франција – Шведска.
МИА


