Венс: Ставовите на Ватикан за имиграцијата се вознемирувачки

Потпретседателот на САД, Џеј ди Венс изјави дека не се согласува со ставовите на Ватикан за имиграцијата, нарекувајќи ги „вознемирувачки“.

– Мислам дека некои од работите што произлегоа од Ватикан, особено за имиграцијата, се вознемирувачки и на крај не се согласувам со нив. Она што им го кажувам на католичките лидери со кои разговарам, а кои не се согласуваат со нашата имиграциска политика, е дека не сум непријателски настроен кон ова прашање. Ги поканувам на разговор, но исто така ги охрабрувам да запомнат дека масовната миграција има жртви, изјави Венс во интервју за „Фокс њуз“.

Папата Лав XIV повеќе пати ги критикуваше мерките на американскиот претседател Доналд Трамп против имиграцијата, оценувајќи ја како „крајно непочитување“ и „нехуман“ третман кон нив.

Трамп тврди дека неговата цел е да ја подобри безбедноста во САД и да ја ограничи нелегалната имиграција. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести