СДСМ: Поскапувањето на горивата е уште еден доказ за целосниот економски колапс под ВМРО-OКГ

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар по литар.


Ова не е изненадување туку продолжение на кризата која ја најавуваме со месеци.


Владата на Христијан Мицкоски немаше слух да воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Или едноставно не сакаше.


Дали е тоа целосна неспособност или намерно нереагирање – граѓаните сепак ја плаќаат цената.

И ќе продолжат да ја плаќаат, затоа што оваа Влада нема ниту план, ниту волја да го сопре економскиот пад.


Мицкоски најави проверка на трговските ланци. Кажа дека знае, но нема да каже. Сè е фарса. Сè е театар. Сè е лага.


Немало понеспособна влада во историјата на Македонија.


Економијата е во колапс, буџетот е празен, а наскоро нема да има пари ни за пензии.


Европскиот процес е целосно закочен, а Мицкоски тоа и јавно го призна.


Сè што ветуваше во кампањата – беше лага.


Загуби поддршка од граѓаните, изгуби над 150.000 гласови, а неговиот личен рејтинг е на историско дно.


Единственото што цвета под оваа власт е криминалот и корупцијата.


Тие си обезбедија приватна Европа за себе и за своите семејства со бугарски пасоши, додека граѓаните се дават во сиромаштија.


Нивната приказна за патриотизам пропадна во моментот кога стана јасно дека во Владата седат луѓе со бугарски државјанства.


Сателитските партии се разоткриени. Сè е видливо.


Мицкоски нема излез. Единственото што му преостанува се предвремени избори – не затоа што сака, туку затоа што му треба за да го  одложи сопственото соочување со одговорност.


Сега му треба само алиби. Зошто предвремени избори, кога тврдеше дека нема да ги има?

Зошто токму сега, кога подготви реконструкција на Владата?


Затоа што нема пари.


Сега не знае како да создаде услови за предвремени избори, па се обидува со скандали во Собранието, со измените на Изборниот законик и со блокирање на европските интеграции.

Се обидува со сè, затоа што повеќе не знае како да ги сокрие неуспесите. Лагите повеќе не поминуваат.


Граѓаните веќе знаат сè.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести