Популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од страна на граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид Курир, повикувајќи се на неофицијални извори.
Лукас требало вечерва да одржи концерт заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ, но наводно бил запрен при гранична контрола на аеродром.
Според истите извори, додека Раста и Гиле без проблем ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му бил забранет влез во земјата. Тој бил задржан на дополнително испрашување, по што била донесена одлука да не му се дозволи влез. Во моментов, наводно се наоѓа под надзор и ја чека понатамошната процедура.
Неофицијално, се очекува негова депортација во наредните часови.
Организаторите на концертот во Гетеборг се соочуваат со сериозен проблем, имајќи предвид дека Лукас бил една од главните ѕвезди на вечерта. Засега не е познато дали настапот ќе биде откажан или ќе се одржи без него.
За сега нема официјална потврда за овие информации, а од тимот на пејачот не се огласиле во врска со инцидентот. Обидите да се стапи во контакт со Лукас засега не вродиле со одговор.


